Спорт Фудбал

Јирген Клоп е бесен и жестоко ги нападна новинарите и Гери Невил

Германскиот стручњак е лут поради пишувањата на новинарите во Англија, но и на сите оние кои мислат дека е подобро за Ливерпул да испадне од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Медиумите често пишуваат за тоа во последните месец дена, дали е подобро за Ливерпул да се насочи само кон Премиер лигата и со помал интензитет да игра во Лигата на шампионите?

Вчера Мохамед Салах истакна дека би се жртвувал за тимот кој повеќе ја посакува Премиер лигата, но дека целта му е да ги освои двата трофеи.

Но, што вели Јирген Клоп пред дуелот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Баерн?

„Ние и понатаму сакаме да ја докажеме нашата вредност во Европа. Важно е за клубот да им докажеме на сите дека сме силни во Европа. Ние сега имаме шанса, не сме како деца кои мислат дека ги загубиле сите шанси кога нема да победат во првиот натпревар. Лесно е да се зборува во студио или да се пишуваат такви работи во канцеларија (дека за Ливерпул е подобро да испадне од ЛШ).

Мислите дека е подобро веднаш да испаднете од сите купови? Направете го тоа и сите ќе ве нападнат како да сте луди. Што сега, блиску сме до крајот на сезоната, успеавме да стигнеме тука во Лигата на шампионите и треба да испаднеме? Тоа е лудо. Тоа е причина зошто оние кои така мислат немаат работа покрај аут линијата“, јасен беше Клоп, алудирајќи на Гери Невил кој по отказот во Валенсија нема тренерски ангажман.

Токму Невил беше тој кој ја покрена приказната дека за Ливерпул е подобро да испадне од Лигата на шампионите, ваквата изјава на Клоп беше наменета најмногу кон него.

 

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]