Image default
Вести Култура Македонија

“Прва клапа“ на долгометражниот игран филм “Homō“

Денес и официјално започна фазата на продукција и реализација на снимањето на македонскиот долгометражен филм “Homō. Филмот е во режија на Игор Иванов, продукцијата е на Скопје Филм Студио, а сценариото го напишаа Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери, а ја предводат: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Мајлинда Косумовиќ, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Сергеј Димовски, Јоана Буковска, Себастијан Кавца, Александар Матовски, Јордан Симонов, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.

“Ова е скопски филм, за нашата генерација и времето во кое живееме. Проектот е копродукција меѓу пет земји, а особен предизвик е неговата реализација во која е вклучена голема меѓународна екипа, околу 70 актери и преку 450 статисти. За потенцирање е возниот парк од 100 возила во слика.“ – изјави Продуцентот Томи Салковски.

Homō’ е филм кој се случува овде и сега и е приказ на нашето општество во кое се доведени во прашање примарните човечки вредности. Станува збор за “корална“ структура сочинета од 6 индивидуални приказни за 6 карактери од Скопје чии животни судбини се менуваат засекогаш.“– изјави режисерот Игор Иванов.

Долгометражниот филм “Homō“ е приказ на апсурдот на судбината, претставен низ уникатните животни приказни на 6 главни ликови. Во ова филмско дело, режисерот го соочува обичниот човек со загрижувачките состојби на нехуманост, алчност и суровост – состојби кои тивко, но полека го уништуваат општеството. Секој лик во истоимениот филм живее посебна и одделна приказна. Виктор (актер: Сергеј Димовски) – недораснат триесетгодишник, кој не сака ништо да работи. Петра (актер: Јоана Буковска – Давидова) има навидум сè што може да се посака во животот. За Сократес (актер: Оливер Митковски) смеата е базична човечка карактеристика.

Homo ridens или човекот што се смее е една од петте приказни во која ќе креирам лик на депресивен стенд-ап комичар во потрага по својата среќа. Иако звучи како оксиморон сепак во психологијата е познато дека овие два термина често одат рака под рака. Хуморот понекогаш служи само како дефанзивен механизам за сокривање или ублажување на вистинската состојба но хуморот и депресијата кај повеќето луѓе се нераздвојни ентитети. Ќе ве потсетам на човекот кој отишол на доктор затоа што бил депресивен, докторот му препорачал да го посети циркузот во градот во кој настапувал пресмешен паљачо, а на тоа човекот му одговорил: -“Па јас сум Паљачото!“- изјави Оливер Митковски.

Борбата за живот е примарната карактеристика на Кети, улична проститутка, која неуморно се бори со канџите на капитализмот.

“Многу ми е драго што сум дел од овој проект и од оваа прекрасна екипа. Се радувам на ликот што ми го имаат доверено и едвај чекам прв снимачки ден.“изјави  актерката Наташа Петровиќ 

Последната приказна е раскажана преку ликот на Гоги , прекрасен млад човек со даунов синдром кој е израз на чиста љубов,кој што во филмот го игра актерот Александар Матовски-цако.

Сите приказни на овие ликови завршуваат со поинаков, различен крај, за некого подобар, за некого полош, со неколку суштински важни пораки – преиспитување на примарните човечки вредности и освестување на човекот за неговата деструктивна моќ.

На официјалниот почеток на снимањето на филмот беше присутен актерот Игор Ангелов, кој го игра ликот на Поп Христо.

Навистина сум возбуден и среќен за почетокот на снимањето на филмот Homō. Целиот овој процес надополнет со одличната екипа со која работам ми создава прекрасно чувство и ми влева доверба дека заедно ќе креираме одличен филмски продукт кој ќе и се допадне на публиката.“ – изјави актерот Игор Ангелов.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Времен сообраќаен режим на дел од булеварот Партизански одреди во Влае

Габриела Додевска

Поранешен в.д на кочанската библиотека заработил кривична за злоупотреба на службена положба

Советот на Општина Гостивар пак со блокади и пречки

Трајче Гогов