Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Снег, ветер и магла на Шапка, Тетово, Гостивар, Маврово, Крива Паланка

Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен изутринава има на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во североисточните и западните делови од државата со наместа остатоци на кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираат до сите возачи да не го користат автопатот.

МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]