Image default
Вести Култура Македонија

Размената на скулптури меѓу Атина и Скопје предизвика бура во Грција

Настана јавен спор меѓу грчката министерка за култура, Мирсини Зорба, и уметникот Вароцос, кој ја создаде стаклената скулптура “Тркач”, поради наводниот предлог за донирање на 12 метри високата склуптура на Северна Македонија, како дел од мерките за градење пријателства меѓу двете земји во рамки на Преспанскиот договор, пишува весникот Катемирини.
Спорот започна откако Зорба денеска ги негираше извештаите дека му пристапила на наградуваниот скулптор со предлог за промена на амблематичната статуа која го зафаќа северниот крај на авенијата „Василеос Константинос“ пред атинскиот хотел Хилтон, со скулптурата на Александар Велики на коњ, што стои на централиот плоштад во Скопје.
“Не постои таков предлог”, изјави Зорба за државната новинска агенција АНА-МПА, отфрлајќи ги тврдењата на медиумите како “неосновани”.
“Можните замени на споменици или промени на патоказите се надлежност на други министерства”, изјави таа за АНА-МПА.
Вароцос претходно тврдеше дека се сретнал со Зорба во минатиот петок во нејзината канцеларија во Министерството за култура, каде што, наводно, таа ја разоткрила идејата за размена на скулптурата.
“Им реков дека” Тркач” не може да ја напушти Атина од неколку причини и дека таа иако и’ припаѓа на општинската власт во Атина, сè уште имам авотрски права”, изјави Вароцос за АНА-МПА.
“Таа ми рече дека Скопје е прекрасен град и би ми се допаднал ако отидам. Бев иритиран и во еден момент ѝ реков дека целиот разговор е смешен”, рече Вароцос.
Говорејќи на телевизијата Скај попладнето, уметникот Вароцос рече дека е “шокиран” и “навреден” од негирањето на министерот на тој разговор, велејќи дека тој е благодарен што е “жив за да го заштити „ Тркачот”.
“Но, се плашам дека некоја друга статуа во Атина можеби ќе ја плати цената, како онаа на Колокотронис пред стариот Парламент”, рече Вароцос, мислејќи на статуа на улицата “Стадиу” на лидерот на грчката војна за независност во 1821 година и херој Теодорос Колокотронис на коњ.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Без вода утре делови од Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Трајче Гогов

Во прекин сообраќајот на патот Удово-Валандово

Вања Мицевска

Почина уште едно дете од морбили

Весна Коловска