Image default
Вести Култура

Одбележана 76-годишнината од депортацијата на штипските Евреи

Со комеморативна седница, марш низ улиците и полагање на цвеќе на споменикот на Холокаустот и на еврејските гробишта беа одбележани 76 години од депортацијата на 535 штипски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.
– Фашистите во Треблинка убија 7.144 евреи од Македонија, поточно од Скопје, Битола и Штип. Петстотини триесет и пет Евреи беа од Штип. Мажи, жени и деца постари луѓе, мирни жители на градот, кои во слога и хармонија живееја со своите соседи Македонци, Турци, Срби, Роми и работеа вредно да ги прехранат своите семејства, а нивниот единствен грев беше тоа што се Евреи, рече Пепо Леви од Еврејската заедница.
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски истакна дека е важно прогонот на еврејскиот народ никогаш да не се заборави.
– Холокаустот е темната страна од човековата историја, но и предупредување и лекција за сите нас во сите овие времиња. Страдањата и јадовите на депортираните се неописливи, но тие треба да ни помогнат да научиме од грешките од минатото и да помислиме како да реагираме кога ќе ни се случат други застрашувачки настани, рече Бочварски.
На споменикот пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ за голотата на штипските Евреи говореше универзитетскиот професор Страшко Стојановски од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

 

Превземено од: МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Шумските пожари во Северна Калифорнија се најголемите во историјата на државата

Трајче Гогов

Заев и Борисов заедно ќе го одбележат Илинден во Благоевград

Трајче Гогов

Унгарски медими: Контроверзната апликација за азил на Груевски во процедура

Трајче Гогов