Image default
Вести Македонија

Заседаваше локалниот координативен штаб за управување со кризи во Делечво

Инициран од пожарите кои претходните денови беа активни на територијата на Општина Делчево, денес се одржа најавениот вонреден состанок на Локалниот координативен штаб за управување со кризи во Делчево. Од почетокот на 2019 година па се досега на територијата на Општина Делчево се случиле 36 пожари од кои 22 пожари на отворен простор што како што истакна командирот на ТППЕ Делчево, Ванчо Постоловски, говори дека состојбата со пожарите на територијата на општината е алармантна.

-Во моментов има уште еден активен пожар во атарот на селото Вирче, а во претходните два пожари изгорена е површина од околу 50 хектари кај Попов Мост и кај Тработивиште, односно борова шума, багрем, овошни насади,нискостеблеста шума. Ако се напрaви споредба со бројот на пожари во претходните години, кога бројот на пожарите во една календарска година се движел од 19 пожари во 2009 г. до 41 пожар на отворен простор и на објекти во 2018 г, заклучуваме дека состојбата е загрижувачка, рече Псотоловски.

На Состанокот беше постапено по насоките и задолженијата од 11. Седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи според кои сите чинители во системот за справување сопожари на отворено и шумски пожари на територијата на Општина Делчево се запознати со своите обврски и задолженија. Исто така, донесен е и заклучок да се воспостават редовни дежурства во ЈПКД „Брегалница“ Делчево и ЈПШС-Подружница Делчево, а ажурирана е и состојбата со перосналните, материјално-технички и оперативни ресурси на сите сили кои ќе бидат во функција за превенција и справување при евентуална појава на пожар.

Кире Цоневски, одговорно лице во Општина Делчево истакна дека покрај превентивните мерки, против сторителите предизвикувачи на пожари ќе бидат преземени санкции предвидени во законските регулативи на РСМ.

– Потребно е и зголемување на медиумската кампања со цел подигање на свеста на населението да не преземаат против законски активности кои би можеле да предизвикаат пожари на отворено или шумски пожари, а овде ќе истакнам дека последниве пожари констатираа висок степен на комуникација и координација на сите субјекти на локално ниво во поглед на оваа значајна проблематика, истакна Цоневски.

Заклучоците од денешниот Вонреден состанок ќе бидат доставенидо сите надлежни институции.Според Центарот за управувањер со кризи во последните 13 години на територијата на Општина Делчево само од пожари е евидентирана штета од 1 милијарда и 600 милиони денари. Териоријата на Делчево под шума има 24 илајди хектари со загрозеностод прв степен.

Валери Спасовски

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Г.г.Стефан ќе се сретне со поглаварите на верските заедници

Кире Андонов

Страшна експлозија на два камиона во Болоња

Трајче Гогов

Брза помош на судењето за 27. април – му се слоши на Кољо

Весна Крстева