Вести Култура

Повик за учество во манифестацијата „Невестинско поклонение на Св.Теодор Тирон 2019“

Општина Крива Паланка почна со подготовките за реализација на  јубилејната, десетта,  културна манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2019“ која ќе се одржи во недела, 17 март. Од локалната самоуправа на општината ги повикуваат сите заинтересирани да учествуваат на манифестацијата која традиционално се одржува во црквата „Свети Теодор Тирон“ во село Конопница, ден по верскиот празник Тодорова сабота.

-Оваа манифестација е продолжение на возобновената вековната традиција младите невести венчани меѓу двете Тодорици заедно со своите свекрви, облечени во традиционални народни носии, да го изведат поклонението пред црквата „Св.Теодор Тирон“ барајќи пород и благослов за челад. Возобновената манифестација има цел да прерасне во регионална манифестација преку која ќе се презентираат народните носии и традиционалните обичаи од овој крај, поради што ги покануваме исте млади невести венчани меѓу „Тодориците“ да се пријават со нивните свекрви, посочуваат од организацискиот одбор при општината.

Сите заинтересирани учеснички можат да пријават учество кај координаторот на манифестацијата, Стојанче Величковски од РЗР„Патник“ или во Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија при локалната самоуправа на општина Крива Паланка. Манифестацијата се реализира со придружни културно-сценски  активности.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]