Image default
Вести Култура

Државниот фестивал на непрофесионален филм годинава во Крушево

Крушево годинава ќе биде домаќин на 48-от Државен фестивал на непрофесионалниот филм, информираат од крушевската локална самоуправа. Фестивалот треба да се одржи во мај и се очекува да настапат многу перспективни режисери од Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во категориите: документарин филм, краток игран филм, експериментален филм, анимиран – цртан филм, едноминутен филм.

Фестивалот е во организација на Кино-сојузот на Македонија и на Народна техника на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија и на општината Крушево.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, овој настан е од посебно значење и ќе донесе многу посетители .

-Државниот фестивал на непрофесионален филм оваа година го организираме во Крушево, со поддршка на локалната самоуправа и ќе донесе нови посетители за нашата општина, вели Христоски.

Превземено од: МИА

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Продолжува кампањата за безбедност во сообраќајот „Поддржуваме безбедна иднина”

Инсајдер продукција: Немаме никаква врска со македонскиот Инсајдер, се подготвува тужба против 1ТВ

Вања Мицевска

„АКО“ излезе со видео на возачот исфрлен од автобусот

Весна Коловска