Image default
Вести Македонија

Димовски: Би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО

Ако се направи систем којшто ќе значи гаранција на човековите права и на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, вели пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Во поглед на Специјалното јавно обвинителство мислам дека е генерален услов за владеење на правото во Република Македонија виз-а-ви процесот на почнување проговори со ЕУ. Јас посебно поради тоа што сум дел од обработката на СЈО, се обидувам да диференцирам став, којшто ќе значи и поддршка, ако е потребно, на понатамошно постоење и функционирање на СЈО. Како и во Парламентот и во судството, како и во образованието, така и во СЈО, мислам дека има и квалитетни и неквалитетни луѓе има и квалитетни и неквалитетни постапки. И ние носиме и добри и лоши закони, дел од предметите на СЈО се базирани на некои сериозни докази, дел се политички. Тоа значи дека кога сето тоа би било спакувано во еден систем којшто ќе значи гаранција на човековите права, којшто ќе значи гаранција на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, посебно поради тоа што сум дел од тие постапки. Од аспект, јас не се чувствувам виновен. Јас впрочем и не сум бил одговорно лице за материјално-финансиско работење, за тоа што на некој начин СЈО ме тангира. Формално-правно јас не треба да бидам дел од тие предмети, но сакам да го покажам тоа, сакам да го пратам тој сигнал дека да, ако јас сум спремен да се носам и да присуствувам на тие судски процеси и да спорам со законите и со постапките и со доказите, добро, секој политичар треба да го помине тој процес ако има каков било сомнеж“, вели Димовски во интервјуто.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Како хуморот во Русија стана оружјe

Габриела Додевска

Трамп и Путин за впечатоците по средбата во Хелсинки

Кире Андонов

Поднесени 38 барања за амнестија до Кривичниот суд

Вања Мицевска