Image default
Вести Македонија

Ласовска:Идентитет со пенкало не се брише

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на годишната конференција рече во изминатите 15 месеци се соочиле со тешка борба. Не треба да се има заблуда дека имавме шанси да се бориме против овие сили кои преку своите вазали во македонската влада ги спроведоа своите регионални балкански идеи со глобален вкус, рече Ласовска.

-За жал или за среќа битката за идентитет не е завршена, затоа што народ со пенкало не се брише, идентитет е длабоко вкоренет и ќе ги надживее овие неправди.  Но, сепак македонските граѓани етнички Македонци,колку и да звучи ова нелогично, во една национална држава ги очекуваат мачни обиди да го зачуваат својот идентитет како Македонци затоа што актуелните власти нема да им помогнат во таа битка.

Уште полошо е, рече Ласовска, што ќе се санкционира секој официјален претставник што ќе користи само Македонија без да каже дека е Северна.

-Со оглед на тоа што актуелните власти нема да сакаат да се грижат за своите национални интереси за да не ги налутат новите нивни лични пријатели јасно е дека товарот ќе падне на оние што не се уплашени, оние што не стравуват. Почитувани дами, почитувани сетри од Република Македонија, не плашете се ! На своја страна го имаме мегународното право, мегународните конвенции, го имаме својот пркос, првадата и љубовта кон Македонија. Сите ние како жени, како мајки од било која професија ви предлагам да тргнеме кон едно големо напред кон победа, кажа Ласовска на годишната конференција на Унијата на жени. Пред присутните се обраќа и кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова.

 

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Собранието го изгласа Законот за спречување на корупцијата по итна постапка

Кире Андонов

МОН: Наставниот кадар да одмора од 2 до 11 јануари за да се намалат трошоците за греење

Вања Мицевска

ДИК нема да врши мониторинг на порталите за време на изборните процеси

Трајче Гогов

Укината забраната за камиони на Стража

Трајче Гогов

Отфрлена кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес против Заев и Димитров

Вања Мицевска

Лавров: Руската воена полиција може да биде во тампон-зоната меѓу Сирија и Турција

Трајче Гогов