Image default
Сообраќаен Сервис

„Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“ Нова кампања на РСБСП за улогата на жената во безбедноста во сообраќајот

Грижата за здравјето и животот на најблиските, грижата за безбедноста, пружањето љубов и внимание остануваат примарна улога на секоја жена. Да внимаваме во сообраќајот толку – колку што таа се грижи за нас, многу нешта би биле поинакви кога станува збор за безбедноста во сообраќајот – порача денеска Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, кој по повод Меѓународниот ден на жената „Осми март“ најавува нова кампања посветена на жените и улогата на жената за безбедноста во сообраќајот.

Кога станува збор за сообраќајот, жената е рамноправен учесник во него како возач, мотоциклист, велосипедист, пешак, а бројот на професионални жени-возачи, секојдневно се зголемува. Според статистичките податоци пак, жените се побезбедни учесници во сообраќајот од мажите, помалку прават грешки со фатални последици и помалку страдаат во сообраќајни незгоди. Затоа, слободно можеме да кажеме дека, учеството на жената во сообраќајот во улога на дежурен едукатор (родител, сопруга, сестра, другарка…) кој неизмерно се грижи за своите најблиски, е најважната улога со која активно и рамноправно учествува во сообраќајот- велат од РСБСП.

Во рамките на кампањата што ја организираат оттаму, ќе бидат реализирани едукативни настани за едукација на жените возачи, активности за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси, едукативни активности за поголема и правилна употреба на детските седишта во автомобилот, оспособување на жените правилно да ги советуваат децата во сообраќајот и др. Кампањата ќе опфати и активности за подигање на свеста за почитување на жените како рамноправни учесници во сообраќајот.

Кампањата ќе ја поддржат и јавни личности, ќе бидат организирани јавни настани на плоштадот Македонија. Активности се предвидени и во образовните институции, на електронските и на социјалните медиуми, предвидени се отворени дискусии, предавања и сл. Целта на кампањата е да се сврти вниманието на јавноста, да се почитува мислата, зборот и советот на жената: „Чувај се себе и чувај ги другите учесници во сообраќајот! Биди одговорен и внимателен возач, почитувај ги сообраќајните правила и прописи. Секогаш и секаде!“

РСБСП апелира до сите девојки и жените да не престануваат да се борат за својата рамноправност, но и да не престануваат да се „борат“ за доброто на своите најмили, коригирајќи ги нивните постапки и давајќи им личен пример за повисока сообраќајна култура и побезбеден сообраќај.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Вања Мицевска

Поради сообраќајка забрана за камиони на патот Ново Село-гп Ново Село

Кире Андонов

Укината забраната за камиони на патот Маврово-Дебар

Трајче Гогов