Вести Македонија

Филип Петровски: Уште првиот ден во подрачните канцеларии на ДИК масовно се подметнуваа формулари на Гордана Силјановска

Претседателскиот кандидат на движењето „Македонија блокира“, Филип Петровски  обвинува за фалсификати на формуларите за потписи и манипулации, со што како што вели се спречува неговата претседателска кандидатура. Тој најави кривична пријава до Државната изборна комисија, и ќе бара поддршка од дијаспората да се приклучат кон неговата пријава.

Петровски изјави дека неговата папка со формулари за потписи била тргната на страна и не била отворена а нудена само папаката на претседтаелскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска.

„На пример уште првиот ден во подрачните канцеларии на ДИК масовно се подметнуваа формулари на Гордана Силјановска, на избирачи што сакаа да се потпишан за мене овде станува збор за неколку илјади потписи. Да потсетам дека во општините низ Скопје постои некој Петровски кој собира исто така 10.000 потписи за кандидатура за претседател на Република Македонија, но никој не знае кој е тој Петровски“, изјави на денешната прес конференција кандидатот за претседтаел на движењето „Македонија Блокира“, Филип Петровски.

Тој е убеден дека зад сето ова стои добро организиран силен центар со цел да биде спречена неговата кандидатура.

„Она што синојќа беше фатено е дека формуларот за потпишување на мојата кандидатура е фалсификуван“, вели Петровски.

Тој презентираше како изгледа фалсификуваниот формуларот и вели „имињата се замаглени затоа што станува збор за матични броеви и лични податоци, но на формуларот кој што е фатен вчера во Гази Баба не постои мој потпис“, изјави Петровски.

Вели дека на тој формулар нема ниту негов потпис, ниту парафот одговара на луѓето кои што се овластени од негова страна.

„За ова е повикана полиција и направен е записник,  и очекуваме записникот да излезе од МВР. Меѓутоа како што стојат работиве во државава, чисто се сомневам дека МВР ќе излезе со записник кој што одговара на вистината“, вели Петровски.

Петровски тврди дека корупцијата од партиите е преселена во институциите и дека процесот е целосно нетраспарентен и најави кривична пријава до Државната изборна комисија.

„Затоа што Државната изборна комисија имаше обврска и право ова да го уреди за да нема сомнежи и да биде процесот како што треба. Процесот не е како што треба од првиот ден па се до денеска, и се уште не е уреден во странство“, тврди Петровски.

Петровски ќе бара од дијаспората да се приклучат кон неговата пријава. Тој исто така додаде дека корумпираност постои во медиумите и тие да преземат иницијатива да го истражат кој е тој лик со исто презиме како неговото што е пријавен како кандидат за претседтаел ис обира потписи.

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]