Image default
Кошарка Спорт

Трејси МекГрејди: Коби Брајант во денешната НБА лига би постигнувал по 100 поени на натпревар

Легендарниот НБА кошаркар Трејси МекГрејди говореше за американските медиуми за моменталната состојба на најјаката лига во светот.

МекГрејди своевремено беше еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, но го уништија повредите и го спречија да остави поголем печат. Некогашниот кошаркар на Хјустон призна дека не е премногу задоволен од моменталните игри во денешно време.

Порача дека најдобар начин да го објасни тоа на јавноста е да го спореди Коби Брајант и денешниот ритам на игра и квалитет во НБА лигата.

Легендарниот кошаркар порача дека Коби денес сигурно би доминирал на НБА паркетите и тоа без многу труд.

„Во денешната НБА лига Коби би можеч да дава и по 100 поени на натпревар. Навистина верувам дека тоа би го правел без проблеми“, изјави МекГрејди.

„Офанзивните играчи се премногу привилигирани. Ако не можете да го допрете Харден додека шутира тројки како ќе го запрете. Играчите се премногу заштитени во напад. Коби денес би го искористил тоа најдобро од сите“.

Преземено од: СуперСпорт

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Мурињо е првиот избор на Реал Мадрид

Фасоне посочи дека Ли го посакувал Роналдо во Милан и дека имале средба со Мендеш

Трајче Гогов

Де Брујне откри како Мурињо го избркал од Челзи: Извади хартија и ми читаше статистика

Агуеро нема да игра против Нигерија поради конфликт со селекторот

Трајче Гогов

Ракометната федерација ги пушти во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Романија

Вања Мицевска

Најомразен клуб во Англија е Челси

Трајче Гогов