Image default
Вести Македонија

Фирмите вклучени во подготовка на регулативата, бараат сузбивање на сивата економија и корупцијата

Намалување на сивата економија и корупцијата, воспоставување еднакви правила на игра, ефикасен судски систем и спроведување на договорите, стабилизирање на макроекономското опкружување, транспарентен и предвидлив даночен систем и ефикасна даночна администрација…

Тоа се приоритетни реформи што треба да обезбедат подобра бизнис клима во Македонија, според оценката на анкетираните компании со истражувањето за бизнис климата во Македонија во 2018 година, што трета година се спроведено преку проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива”.

На презентацијата на истражувањето беше истакнато дека нивото на задоволство на компаниите за бизнис регулативата се уште остава простор за значително подобрување, иако веќе се слуша гласот на бизносот при носење на законите и намалувањето на изречените казни на сметка на кои се почести опомените.

Според истражувањето, лани 43 проценти од фирмите биле вклучени во носењето на бизнис регулативата, наспроти 28 проценти во 2016 година. Најчесто им биле вршени инспекциски надзори од Управата за јавни приходи, по што следат Државниот инспекторат за труд и Пазарниот инспекторат, а  на половина од фирмите при инспекциите им биле изречени опомени. Приближно 70 проценти од големите и средните компании рекле дека го зголемиле бројот на вработени, а од микро и од малите фирми зголемување на бројот на вработени има кај 31, односно 54 проценти.

Шеесет и два процента од компании сметаат дека државата недоволно го поддржува бизнисот преку регулативата, 21 процент се задоволни од таквата поддршка, 14 проценти рекле дека изостанува, а три проценти дале одлична оценка.

– Над 50 проценти од компаниите сметаат дека информираноста за регулативата треба да се подобри. Ова особено се однесува на малите и микро претопријатија кои се 90 проценти од вкупниот број најмногу заради нивните  ограничени капацитети во следење на промените, информира Љубомир Димовски, директор на Проектот на УСАИД.

Шеесет и девет проценти од големите фирми, пак, оцениле дека Макеоднија не ја променила деловната политика за инвестирање наспроти Западен Балкан, а по 17 проценти рекле дека климата за инвестирање е подбрена односно влошена.

Како што истакна Дритон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија,  анализата покажува позитивен тренд во размислувањата на компаните во однос на регулативата, пристапот до информации, како и за значењето на коморите во нејзино подобрување.

– Сметаме дека треба да се направат поголеми напори во подобрување на регулативата како резултат на поголемиот слух на предлозите на приватниот сектор. Оваа година очекувањата се големи, платформата за јавно-приватен дијалог функционира со полн капацитет и само треба да се забрза темпото, Владата ја назначи годината како економска и паралелно со процесот за зачленување во НАТО и пристапните преговори со ЕУ овој факт ќе ги мотивира  претприемачите да ги забрзаат нивните инвестициски планови и да имаме подбар економски раст и развој, рече Исени.

Гречен Биркл, вршител на должноста претставник на канцеларијата на УСАИД во Македонија,  посочи дека преку Комисијата за јавно-приватен дијалог во декември лани коморите доставиле 38  препораки за подобрување на регулативата во градежништвото и урбанистичкото планирање, јавните  набавки, туризмот, управување со отпадот.

– Препораките за политиките доставени од страна на коморите се очекува да  ја подобрат бизнис климата во Македонија и ќе осигураат дека бизнисите може да растат, да создаваат нови работни места и да придонесат за економскиот развој на Македонија, рече Биркл, наведувајќи дека новиот закон за практиканство и за инспекциските надзори подготвени врз основа на укажувања од бизнис заедницата  се само дел од законите со кои се покажало дека  кога јавниот сектор е отворен за препораките од бизнисот тогаш регулаторната средина станува поголема поддршка на приватниот сектор, а краен резултат е поголем економски раст.

Со истражувањето се опфатени 518 компании од четирите комори во Македонија, наспроти 177 што биле анкетирани во 2016 година, што, според носителоте на проектот, е показател дека се зголемува довербата на бизнисот оти нивниот глас ќе биде слушнат.  Од 518 анекетирани компании од областите текстил, земјоделство, ИКТ, туризам, градежништво…, 85 проценти се домашни, осум проценти во мешовита сопственост, а седум отсто со странски капитал. Според големината 33 проценти се микро компании, 42 процента мали, 20 проценти средни, а шест проценти големи компании.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Тимоние: Сега не ви треба игра на партизани и четници, туку заеднички интерес за соработка

Кире Андонов

Саудиска Арабија: Кашоги убиен во „тепачка“ во истанбулскиот конзулат

Кире Андонов

Премиерот Заев очекува поддршка од сите земји на ЕУ а одлуката за референдум да биде заедничка и на власта и на опозицијата

Кире Андонов