Image default
Вести Македонија

Поднесено обвиние за обљуба врз немоќно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица поднесе обвинение против едно лице за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија. Обвинителот до Основниот суд Струмица доставил и предлог за продолжување на определената мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи.

Според соопштението на ЈО, обвинетиот на возраст од 32 години го искористил претходното познанство со жртвата. Делото го извршил на 11-ти декември лани во домот на жртвата во Струмичко, напаѓајќи ја оштетената-лице со пречки во развојот и вршејќи обљуба.

Тој претходно се сретнал со оштетената, при што дознал за нејзината состојба, како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото.

По пријава од родител на жртвата, осомничениот беше веднаш лишен од слобода, а Основното јавно обвинителство Струмица презело дејства за расчистување на настанот.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Неофицијално: Филипче ја преземал идејата за тендерот од Тодоров

Трајче Гогов

Два света

Трајче Гогов

Прослава на отворено пред Владата за Денот на независноста

Габриела Додевска

Колку траат пристапните преговори со Европската унија?

Трајче Гогов

Крадец на автомобили се заглавил крадејќи кола па повикал полиција

Трајче Гогов

Времето денеска: Променливо облачно и студено време

Трајче Гогов