Image default
Вести Свет

На денешен ден пред 35 години беа отворени ЗОИ во Сараево

На денешен ден пред 35 години беше отворена 14 Зимска Олимпијада која што се одржа во главниот град на БИХ,Сараево.

Тие кои што се саќаваат сигурно паметат како тогаш цела Југославија беше во во некоја позитивна и преубава енергија која што се поврзуваше со Олимпијадата, посебно беше во самиот град Сараево кој во тие неколку седмици беше центар на Светот во секоја можна смисла.

Многумина кои што ја паметат Олимпијадата и 35 години подоцна се сеќаваат на неколку многу битни работи кои што се поврзани со Олимпијадата и Сараево, па така се уште на сите пред очи им е сликата на преубавата церемонија на отварањето на сараевскиот стадион Кошево.

Олимпискиот оган  го запали тогаш најдобрата југословенска лизгачка Санда Дубравчиќ,а заклетва во име на сите спортисти  даде тогаш најдобриот југословенски скијач Бојан Крижај, кој поради големата возбуда не можше да ја заврши заклетвата до крај.

На оваа Олимпијада ,тогашна Југославија го освои и својот  прв медал во зимските спортови . Го освои Словенецот Јуре Франко во велеславом

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Утре ветер до 80 километри на час, преодно стабилизирање од четврток

Габриела Додевска

Тајланд: Спасено уште едно дете, вкупно пет се надвор од пештерата (ВИДЕО)

Трајче Гогов

Општина Аеродром се уште бара решение за изградбата на објектот кај „Мајчин дом“

Габриела Додевска