Image default
Вести Свет

Најдоцна до вечер Атина ќе ја испрати Вербалната нота до Скопје

Во текот на денешниот ден, веројатно до вечер Грција ќе ја испрати Вербалната нота до Македонија, јавува дописничката на МИА од Атина. Останати се некои дипломатски детали за нотата од Атина да се испрати за Скопје и тоа треба да се случи набргу.

Според информациите на МИА од Атина, утре, пак, во Брисел, на маргините на Самитот на минстрите за одбрана на НАТО, средба ќе одржат Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, министрите за одбрана на Македонија и Грција. Не е исклучена можноста, освен што ќе биде средба за запознавање, Апостолакис да и предложи на Шекеринска, токму Грција да ја обучува македонската војска.

Во претседателската палата во Атина денеска се одржа прием во чест на дипломарскиот кор. Вкупно 90 амбасадори и дипломати, меѓу кои и вршителот на должност во Канцеларијата за врски на Р. Македонија во Грција, Лидија Бошковска, беа пречекани и поздравени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

На приемот, освен дипломатскиот кор и Павлопулос и Ципрас, присутни беа голем број министри од грчката Влада, меѓу кои и алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, министерот за одбрана Евангелос Апостолакис и неговиот заменик, Панајотис Ригас, замениците шефови на грчката дипломатија, Маркос Боларис и Теренс Куик,министерката за цивилна заштита, Олга Геровасили, министерот за поморство, Фотис Кувелис, но и поранешни шефови на дипломатијата и поранешни претседатели на грчкиот парламент.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Министерот Димитров утре во работна посета на Стразбур

Трајче Гогов

За гласање на референдумот досега пријавени 1.725 иселеници

Стружанец пронајден мртов во автомобил

Вања Мицевска

100.000 рубли казна за непочитувачите на руската химна, знаме и устав

Научници сметаат дека се блиску до пронаоѓање лек за ХИВ

Кире Андонов

Две лица повредени во сообраќајка на булевар „Илинден”

Габриела Додевска