Image default
Вести Македонија

Институциите и невладините од Кавадарци ќе работат на заеднички проекти

Невладините организации и јавните институции од Кавадарци заеднички ќе работат на проекти со кои ќе аплицираат за пари од Европската Унија преку пограничната соработка со Грција. Се започна процес на вмрежување меѓу невладиниот сектор и институциите од Кавадарци, како би можело во следниот период да се подготват повеќе значајни проекти.

„ Целта и очекувањата од овој настан се јавните институции со НВО да направат заедничкии конкуренти апликации и од Кавадарци да излезат десетина апликации во различни области. Тука се и јавните институции, болницата, библиотеката, домот на културата, музејот, ЈП Комуналец. Институции кои можат да аплицираат по овој повик и да ги икскористиме нивните капацитети, финансиски и кадровските капацитети на НВО,  во заедништво да направат една конкурентна апликација“ вели раководителот на секторот за локален економски развој при општина Кавадарци, Тодор Ефремов.

Проектот за вмрежување на невладините организации и јавните институции е финансиран со пари од Европската Унија, а го реализира здружението „Чекор кон Европа“.

Досега само општината конкурираше со свои проекти за прекугранична соработка, сега се создаваат услови да се подготват повеќе проекти кои ќе имаат квалитет, а со нивното реализирање ќе се добијат и подобри услови за граѓаните на општина Кавадарци.

Ангел Данов

 

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Одбележување на празникот Св. Климент Охридски

Вања Мицевска

Превртена гајба и истурени бадеми на „Партизанска“ – Навреди за жената што продава кај Буњаковец (Видео)

Вања Мицевска

Русија го развива „миг 41“, кој треба да биде најбрз авион во светот

Љупчо Шатевски