Image default
Вести Македонија

Институциите и невладините од Кавадарци ќе работат на заеднички проекти

Невладините организации и јавните институции од Кавадарци заеднички ќе работат на проекти со кои ќе аплицираат за пари од Европската Унија преку пограничната соработка со Грција. Се започна процес на вмрежување меѓу невладиниот сектор и институциите од Кавадарци, како би можело во следниот период да се подготват повеќе значајни проекти.

„ Целта и очекувањата од овој настан се јавните институции со НВО да направат заедничкии конкуренти апликации и од Кавадарци да излезат десетина апликации во различни области. Тука се и јавните институции, болницата, библиотеката, домот на културата, музејот, ЈП Комуналец. Институции кои можат да аплицираат по овој повик и да ги икскористиме нивните капацитети, финансиски и кадровските капацитети на НВО,  во заедништво да направат една конкурентна апликација“ вели раководителот на секторот за локален економски развој при општина Кавадарци, Тодор Ефремов.

Проектот за вмрежување на невладините организации и јавните институции е финансиран со пари од Европската Унија, а го реализира здружението „Чекор кон Европа“.

Досега само општината конкурираше со свои проекти за прекугранична соработка, сега се создаваат услови да се подготват повеќе проекти кои ќе имаат квалитет, а со нивното реализирање ќе се добијат и подобри услови за граѓаните на општина Кавадарци.

Ангел Данов

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Делови од Аеродром, Центар, Карпош и Горно Соње утре без струја

Трајче Гогов

Дневен билтен на Општина Штип – 20.06.2018

Кире Андонов

Куче скитник каснало скопјанец

Трајче Гогов

Со допис до НАТО побарано исправка за користењето на терминот „македонски јазик”

Габриела Додевска

Со 111 милијарди долари, саудиска компанија стана најпрофитабилна во светот

Љупчо Шатевски

„Арената Филип Втори“ замина во историјата новото име на стадионот е „Национална Арена Тоше Проески“

Габриела Додевска