Image default
Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на Министерството за култура

Како што соопштуваат од опозициската ВМРО ДПМНЕ, во текот на вчерашниот ден, пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Собранието на Р. Македонија поднеле барање за оддржување на надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на министерството за култура за проекти од национален интерес за културата во Македонија и реализацијата на програмата за култура за 2018 година.

“СДСМ продолжува да ја закопува културата во калта. Не само што немаат чувство за припадност кон сопствената култура, ами со постапките и изјавите кои ги даваат покажуваат и елементарно непознавање на законите од областа на културата. Она што минатата година го правеше министерот Алаѓозовски, сега советник за култура на Премиерот, се рефлектираше и оваа година уште посилно преку членовите на комисиите, а членови на СДСМ“, изјави Ане Лешкоска, пратеничка на ВМРО ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ прашуваат на што личи ова и каде води ваквиот начин на фукнционирање и додаваат како може некој да изјавува дека ќе, или нема да поддржи проекти кога во министертсвото не се ни пристигнати жалбите на одбиените уметници и институции.

„Како воопшто може министерот и комисиите да си дозволат да одлучуваат без претходно да изготват решенија со кои ги информираат уметниците дали имаат добиено средства, или се одбиени, нормално со соодветно образложение.Врз основа на кој член од кој закон носите одлука да вршите ревизија на оние проекти кои не се одобрени, а за кои имало реакција? А за оние за кои немало реакција, а за кои се доделени огромни суми, како ќе се ревидираат?“, вели Лешкоска во своето обраќање.

Од опозицијата порачуваат ако веќе се ревидира, треба да се ревидира целата програма.Тие сметаат дека владата само овој сериозен проблем да го сведе на административна грешка, од опозицијата сметаат дека проблемот е во програмата за која нема и не треба да стивнат реакциите од ниту една фела, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Жителите евакуирани: Можно е ново уривање на мостот во Џенова

Авионот на Сала на 63 метри на морското дно

Весна Коловска

Средба Мицкоски – Вучиќ

Габриела Додевска