Image default
Вести Свет

Словенците на маки – им плаќаат на оние што ќе им донесат работник

ММС, 11.02.2019

По нешто потешкиот почеток, поради конкуренцијата од Чешка, Словачка и од Унгарија, Словенија денес солидно ги привлекува странските инвеститори, а растечкото стопанство се заснова на извозот од кој се реализира 80 отсто од бруто-домашниот производ. Голем проблем претставува недостигот од работна сила, а бидејќи работните дозволи сега се укинати, работните места во Словенија сега им се достапни и на Хрватите, пишуваат хрватски медиуми.

Голем производител недостигот од заварувачи го решава со стимулирање на вработените. Така, секој што ќе препорача или ќе доведе нов работник добива 250 евра стимулација. Со таква препорака во Словенија почнал да работи и 33-годишниот Даниел Матиевиќ од Карловац. Освен него, секој ден на работа во Чрномељ патуваат уште 46 работници од Хрватска.

Покрај Марибор во моментот се гради фабрика на најголемиот производител на автоделови „Магна“, во Кочевје и Логатац во тек е реализација на две јапонски инвестиции – производство на роботи и на медицинска опрема… Се очекуваат уште многу нови работни места во земјата која има пет отсто невработени. Минималната плата во Словенија во моментот е 640 евра, а до 2021 година ќе се зголеми на 730, пишуваат хрватските медиуми.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

(фото)Њујорк доби своја Ајфелова кула вредна 200 милиони долари

Џејми Оливер фати крадец во својот двор

Трајче Гогов

Грипот однесе уште пет животи, вкупно досега 28

Вања Мицевска

Предлогот за уставните измени на дневен ред во Собранието: Опозицијата децидна дека Договорот е наметнат

Вања Мицевска

Петмина повредени при истекување на гас во суд во Измир

Вања Мицевска

Македонија од Народна, Социјалистичка, Република Македонија до Република Северна Македонија

Трајче Гогов