Image default
Вести Македонија

Светска банка: Силен пакет политички мерки за да се намали високото пензиско трошење на Македонија

Македонија има потреба од реформирање на својот пензиски систем за да може да ги издржи фискалните притисоци, како и да ја подобри својата правичност, порачува Светска банка во извештај фокусиран на пензиските реформи.

– Примената на еден силен пакет политички мерки би можел фискално да го стабилизира и да ја подобри правичноста на пензискиот систем во земјата. На пример зголемување на возраста на пензионирање би го пролонгирало останувањето на работа на работниците, би ги зголемило новите стапки на замена и би ги намалило пензиските расходи и дефицити до два отсто од БДП на годишно ниво до почетоците на 2030 година, наведуваат во извештајот.

Според Светска банка, усогласувањето само на доспевањата во системот на генерациска солидарност за сите години на стаж со доспевањата на пензии за учесниците во вториот столб, исто така, нагло би го подобрило финансирањето на пензииите. Во извештајот, исто така, се наведува дека отстранувањето на ограничувачката максимална граница за доспевање за доброволните учесници во вториот столб веднаш ќе ги зголеми нивните нови стапки на замена блиску до нивото карактеристично само за системот на генерациска солидарност и ќе ја елиминира актуелната неправичност на системот со повеќе столбови.

Сепак од Светска банка сметаат дека зголемувањето на максималната граница на доспевање за доброволните и задолжителните учесници во вториот столб, воведувањето на социјална пензија и враќањето на членовите кои се постари од 50 години од вториот столб во системот на генерациска солидарност ќе доведе до дополнителни трошоци, како и на краток така и на долг рок.

Во извештајот се наведува дека согласно меѓународните стандарди пензиското трошење на Македонија е на високо ниво на повеќе од 10 отсто од БДП и е нешто што дополнително ќе се зголемува во наредните две децении ако не се направат реформи. Според Светска банка високите пензиски расходи на Македонија во најголем дел произлегуваат од дополнителните ад-хок индексирања и карактеристики на актуелниот систем на придонеси и пензии. Проекциите, како што стои, откриваат дека без реформа, пензискиот систем на земјата и понатаму ќе создава значителен дефицит што е веќе на ниво од четири проценти од БДП.

Од Светска банка сметаат дека во изминатава деценија е дојдено до влошување на финансирањето на пензискиот систем. -Наместо да се спроведуваат дополнителни реформи во област што се клучни за пензискиот систем, како што се промена на ефективните стапки на доспевање, возраст на пензионирање и индексирањето на пензиите, властите се впуштија во ад-хок дополнително зголемување на пензиите, намалување на стапките на придонеси и воведоа укинување на придонесите со цел промовирање на вработување. Ваквите политики доведоа до зголемување на расходите за пензии и до растечки дефицит, стои во извештајот.

Сметааат дека во намалувањето на пензискиот дефицит а истовремено задржување на куповната моќ на пензиите би помогнало применувањето на индексирање на пензиите од половина во однос на платите половина во однос на цените на потрошувачката, во индексирање само врз основа на растот на цените.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

ВМРО ДПМНЕ го честита Денот на независноста: Не смееме да дозволиме реализација на антидржавни и антинационални политики

Габриела Додевска

Времето денеска: Сончево и топло со температура до 34 степени

Вања Мицевска

Нова средба на работните групи за идниот статус на СЈО

8 од 10 родители со насилни методи ги дисциплинираат децата – кампања „И родителството се учи“

Габриела Додевска

Комбе излета од патот на патниот правец Кавадарци – Плетвар

Габриела Додевска

Регистрирани се три нови случаи на морбили од Тетово и тетовско

Трајче Гогов