Image default
Вести Култура

Самостојна изложба на илустрации на дизајнерот Давид Ристевски

Самостојната изложба на комбинација од илустрации со реални фотографии на дизајнерот Давид Ристевски, попознат како Dreadpen, ќе биде отворена на 12 -ти февруари со почеток во 19.30 часот, во Concept 37 во Скопје. Изложбата носи наслов „Photo Invasion“ и е инспирирана од Instagram фотографии, не/секојдневни искуства, стрипови, цртани и филмови.


На изложбата ќе има инвазија на “украдени” слики од Instagram со илустрации од чудовишта со различен вид, изглед и форма. Оваа комбинација на реална фотографија со илустрација добива нова димензија и порака.


Процесот на создавање на ликовите најчесто е спонтан и на некој начин претставува имагинарен излез од секојдневието кој еволуира во карактер. Со тек на време тој карактер прераснува во подобро осмислен и со своја приказна”- додава Ристевски.


Исто така, на изложбата ќе може да се најдат и парчиња од новата зимска колекција на Dreadpen, кои заедно со сликите ќе бидат од продажен карактер.

Линк до настанот:https://www.facebook.com/events/2791476157745126/

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Украинските власти евакуираа 10.000 лица по експлозија и пожар во магацин за муниција

Трајче Гогов

Џафери: Демократска, силна, модерна и европска Република Македонија заеднички дом за сите граѓани

Габриела Додевска

Могерини во Брисел денеска домаќин на балканските лидери

Трајче Гогов

На патот Штип-Кочани се судрија товарно возило и автомобил

Трајче Гогов

Евакуирани неколку суда во Германија поради закана од бомба

Трајче Гогов

Вистинските сопственици на фирмите од следната година ќе ги регистрира Централен регистар

Габриела Додевска