Image default
Забава

Во оваа намирница се крие клучот за долг живот

Новите истражувања покажаа дека клучот за еликсирот за долговечност би можел да се наоѓа во кашкавалот. Во студијата објавена во магазинот „Nature Medicine“ европските истражувачи го анализираа делувањето на спермидинот кој се наоѓа во кашкавалот.

Резултатите покажаа дека луѓето кои јадат зрели кашкавали имаа помал ризик од застој на работата на срцето или висок крвен притисок.

Исто така, истражувањето покажа дека луѓето кои јадат намирници како грашок, пченка, соја и житарки од цело зрно имаат поголема веројатност подолго да живеат.

Истражувањето кое е спроведено на глодари сигурно ќе ги израдува љубителите на овој популарен млечен производ. По анализата која е обавена на глувци, истражувачите анкетирале 800 Италијани и откриле дека оние кои имале поголем внес на спермидин имале понизок крвен притисок и за 40 проценти помал ризик од застој на работата на срцето и другите кардиоваскуларни болести.

Претходните студии исто така покажаа дека лицата кои консумираат кашкавал имаат подобро ниво на холестерол во однос на оние кои јадат растителен кашкавал или воопшто не го консумираат. Една студија од 2015 година покажа дека љубителите на кашкавал имаат зголемено ниво на бутирати во организмот, што е поврзано со брзиот метаболизам и решавањето на проблемите со дебелината.

 

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Приказната за божиќните традиционални колачиња од Нинберг (ФОТО)

Габриела Додевска

Откријте кој е победникот на музичкото шоу „The Voice“

Трајче Гогов

Се’ за храна: Детоксикација на црниот дроб со 4 намирници

Трајче Гогов