Image default
Вести Свет

Неуспешна аукција за продажба на Хитлерови слики

ММС, 10.02.2019

На вчерашната аукција во германскиот град Нирнберг пет слики што се смета дека се на Адолф Хитлер не нашле купувач. Аукциската куќа „Ваидлер“, која ги ставила пејзажите на продажба, навела дека би можела да ги продаде подоцна, не прецизирајќи датум.

Не е наведено зошто продажбата не успеала. Меѓутоа, високите почетни цани за сликите (помеѓу 19.000 и 45.000 евра), параллелно со сомнежот на нивната автентичност, можеби ги одвратиле потенцијалните купувачи.

Во каталогот за продажба во средата имало уште 26 парчиња, но ги заплениле властите следниот ден, како и други 37, поради сомнежот за автентичноста, и покрај потписите А.Хитлер или А.Х. Агенцијата, сепак, успеала да продаде два предмета што наводно му припаѓале на Хитлер – порцеланска вазна за 5.500 евра и чаршав за 630 евра.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

„Ви благодарам братско српски народ“ вака Путин се обрати пред српската јавност

Габриела Додевска

„Талир” одложен поради неприсуство на претставници на ВМРО-ДПМНЕ

Вања Мицевска

Двајца полициски службеници во притвор поради примање поткуп во Демир Капија

Габриела Додевска

Марш во Скопје за сеќавање на геноцидот во Сребреница

Вања Мицевска

„Витаминка“ очекува стимулации за домашно призводство на сончоглед

Вања Мицевска

Хан за „Стандард”: Има закани против пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои сакаат да гласаат за Договорот

Габриела Додевска