Image default
Спорт Фудбал

Челзи му излегува во пресрет на Милан: На повидок размена меѓу „Сините“ и „Росонерите“

Играчот за врска на Челзи Тијемуе Бакајоко се наоѓа на позајмица во редовите на Милан. Французинот игра како препороден на „Сан Сиро“ и управата на „Росонерите“ сака да го задржи во своите редови по оваа сезона.

Имаат опција да го откупат неговиот договор за 35 милиони евра, но не се во најдобра ситуација кога станува збор за Финансискиот фер-плеј.

Планот на Милан е да го продаде Франк Кеси, со тие пари да го откупи Бакајоко, а на лето да го доведе Ектор Ерера како слободен играч чиј договор со Порто истекува на лето.

Но, сега се појави многу полесна опција за „Росонерите“ за да го задржат Бакајоко во своите редови, со оглед на тоа дека Челзи е заинтересиран за еден нивни играч.

Станува збор токму за Франк Кеси. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ја игра својата втора сезона во дресот на „Росонерите“, а за него е заинтересиран и Тотенхем, но со оглед на плановите кои ги имаат на „Сан Сиро“, јасно е дека Челзи би имал предност во целата ситуација.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Потврдено: МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во АБА2-лигата

Црногорски талент падна сред тајм-аут, докторите не можеа да го спасат!

Трајче Гогов

Реал се согласи да го пушти Ковачиќ во Челзи

Вања Мицевска

Егоров по 12 години носи медал за Македонија од сениорско ЕП

Кире Андонов

Четири години затвор за поранешниот потпретседател на ФИФА

Трајче Гогов

Франција ја победи Русија и го освои првото европско злато!

Кире Андонов