Image default
Спорт Фудбал

Санкции од ФИФА за Кардиф ако не ја исплати првата рата за трансферот на Сала

Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да воведе санкции за Кардиф ако клубот не го запази рокот за првата рата за трансферот на Емилијано Сала. Кардиф до крајот на следната недела треба да му плати пет милиони евра на Нант.

Претходно, од велшкиот клуб објавија дека ќе ги чекаат резултатите од официјалната истрага, која ќе ги открие околностите на исчезнувањето на 28-годишниот Аргентинец, чиј приватен авион исчезна од радарските екрани над Ла Манш вечерта на 21 јануари. Сала, чиј трансфер е проценет на 20 милиони евра, не одигра ниту еден натпревар за Кардиф.

Британските служби објавија дека телото извлечено од авионот урнат на дното на Англискиот канал со кој Сала полета во Кардиф му припаѓа на фудбалерот.

Фудбалскиот свет почна да се простува од прерано починатиот фудбалер веднаш по соопштувањето на веста.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Балотели останува во Ница

Теодор конечно најде клуб, ќе игра за грчки АЕК

Вања Мицевска

ЈК “Гладијатор” доминираше на државното првенство за пионери и јуниори во јудо

Трајче Гогов