Image default
Спорт Фудбал

Ракитиќ е незадоволен во Барса и побарал трансфер: Интер подготвен да го доведе Хрватот

Купувањето на Френки де Јонг за близу 90.000.000 евра, со неизвесноста околу доаѓањето на Адриен Рабио, го доведе во прашање останувањето на неколку играчи од сегашниот играчки кадар, а изгледа дека најавените промени најмногу влијаеја на Иван Ракитиќ.

Според сознанијата на „Газета дело Спорт“, хрватскиот играч за врска е незадоволен со фактот дека Де Јонг, можеби и Рабио ќе ја засилат Барселона ова лето поради што дури побарал од клубот да биде продаден.

Иако е тешко да се поверува во оваа приказна поради важноста на Ракитиќ во системот на Барселона, „Газета“ сепак е еден од најлегитимните извори во Италија, кој речиси без грешка ги следи случувањата во Милан и Интер. Ни во печатеното издание денеска весникот не тврди дека се е готово, но дека првиот човек на клубот Стивен Жанг е на готовс и чека јасен сигнал да тргне во преговори.

Опседнатоста на Интер со хрватските фудбалери очигледно има длабоки корени. За потсетување, од летоска идејата на Интер е да го ангажира Лука Модриќ, но и покрај неговата полоша форма, тој е поблиску до потпишување на нов договор со Реал и веројатно завршување на кариерата во Мадрид. Поради тоа сега Ракитиќ скокна во прв план.

Барселона во овој момент на позициите централен и дефанзивен играч за врска ги има Бускетс, Сампер, Артур, Видал, Рафиња и Алења како дете од „Ла Масија“. Со трансферот на Де Јонг гужвата станува уште поголема, а особено ќе биде „тесно“ ако се приклучи и Рабио на лето.

Ракитиќ во март полни 31 година, а во четвртата деценија од животот се уште само Бускетс и Видал. Алења е проект на клубот и е виден како наследник на Иниеста, Рафиња е играч по вкус на Валверде, иако повредите му ја уништија кариерата и моментално се опоравува од повреда на предните вкрстени лигаменти. Артур одлично се покажа по доаѓањето од Гремио, додека Сампер во целата конкуренција е целосно изолиран и одигра само 33 минути. Желбата на Ракитиќ е и понатаму да биде водечки играч, а не дел од ротацијата, а ако Барселона тоа не може да му го обезбеди, трансферот е голема можност.

Хрватскиот играч за врска има договор со Барселона до јуни 2021. година, па следното лето би била најдобра шанса клубот да заработи повеќе пари од евентуална продажба. Освен ако приказната не заврши со потпис на нов договор. Се зборува за сума од 30.000.000 евра, со што Барселона сепак би заработила, со оглед на тоа дека од Севиља пред четири и пол години го доведе за 18.000.000 евра.

 

 

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Баерн почна да бара замена за Хамес

Трајче Гогов

Бакајоко оди на позајмица во Милан

Трајче Гогов

Федерер веќе три месеци играл повреден

Трајче Гогов