Image default
Вести Македонија Свет

Грчкиот Парламент ќе гласа за ратификација на Протоколот за членство во НАТО

Во 10 часот по локално време, (во 9 часот по македонско време) откако доби зелено светло од надлежната Комисија, нацрт законот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, ќе биде донесен на пленарна седница во грчкиот Парламент, а расправата ќе заврши со гласање на пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.

-Како што произлегува од расправата и од ставовите на членовите на Комисијата, нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија”, е прифатен првично, во целост и од мнозинството, рече вчера претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања на грчкиот Парламент, Константинос Дузинас, на крајот од пет и пол часовната расправа.

По завршувањето на состанокот, Дузинас, до Парламентот достави извештај во кој предлага да се прифати конкретниот нацрт закон, земајќи ги предвид ставовите на мнозинството членови на комисијата.

Нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија”, беше прифатен од пратениците на СИРИЗА и независниот пратеник, од редовите на Река, Мавротас, додека пак сите останати грчки партии од опозицијата беа против.

За да се изгласа Протоколот за наше членство во НАТО, потребен е минимум 151 глас, а очекувањата во Грција се дека пратениците кои ја поддржаа ратификацијата на самиот договор, денеска ќе го поддржат и Протоколот.

Следните чекори по ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент ги објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, на брифингот со странските дописници во Атина, одговарајќи на прашањето кога новинарите во нивните текстови и официјално ќе треба да почнат да го користат новото име Северна Македонија.

-По гласањето на Протоколот, праќаме Вербална нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, а тие веднаш, можеби истиот ден, може следниот, ги известуваат ОН и сите земји што ги имаат признато со претходното уставното име, дека новото уставно име е Северна Македонија. Во прашање се денови, рече Катругалос.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

„Канцерогено општество” утре на нов протест пред Собранието поради аерозагадувањето

Габриела Додевска

Одлуката за датум за преговори следната година – За Владата големо признание, за опозицијата понижување (Видео)

Вања Мицевска

Пратениците се враќаат на работа