Image default
Вести Сообраќаен Сервис

Слаб снег на Попова Шапка и Маврово, забрана за камиони на патот Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а слаб снег провејува на Попова Шапка и Маврово, на патните правци Крива Паланка-ГП Деве Баир и Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, соопшти АМСМ.

Оттаму информираат дека останува забраната за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Дебар и Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.

Виадукт Трејд известуваат дека денеска и утре ќе се започне со изведување на градежни активности на Експресен пат А3, делница Велес-Кадрифаково (во близина на раскрсница Овче Поле) за што ќе се изврши промена на режимиот на работа на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режимот на сообраќај за време на поставување на индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението од АМСМ.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Рекетари се обиделе да изнудат 10.000 евра, фатени на дело

Трајче Гогов

Со летото во Тетово дојде и нечистотијата

Вања Мицевска

На пешачки премин такси возило удрило дедо и внук

Весна Крстева