Image default
Вести Македонија

Пендаровски: На овој ден „де факто” стануваме членка на НАТО Алијансата

Цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели, објави по потпишувањето на пристапниот протокол, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

– Денес, цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание и 20 години по добивањето на статусот на формален кандидат за членство, практично ја реализираме едната од двете најголеми стратешки цели зад кој стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму.
Немам дилеми дека 6-ти февруари 2019-та, ќе биде споменуван како еден од најзначаните датуми во поновата македонска историја, затоа што на овој ден „де факто” стануваме членка на НАТО Алијансата, напиша на својот фејсбук-профил Пендаровски.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
или бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
или пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Зголемена фреквенција на возила на македонско-бугарската граница кај Деве Баир

Габриела Додевска

Мицотакис: Ако не се задоволат грчките позиции, нема отворање ни затворање на поглавјата за членство во ЕУ

Вања Мицевска

Заев и ја честиташе лично на Колинда победата на Хрватска

Трајче Гогов