Image default
Фудбал

И покрај авионската несреќа, Нант ги бара парите за трансферот на Сала

Екипата на Нант ја бара од Кардиф Сити сумата од 15 милиони фунти за трансферот на фудбалерот, Емилијано Сала, и покрај несреќата во која неговиот авион се урна на патот кон Велс. Од Нант испратиле допис со кој ги бараат овие пари, иако авионската несреќа го спречи Аргентинецот да заигра во англискиот премиерлигаш, каде требаше да биде најскапото засилување во неговата историја.

Неофицијално, францускиот клуб се заканил дека ќе почнат судска постапка доколку не ја добијат потребната сума за десет дена.

Од Кардиф пак, во меѓувреме ги прегледуваат документите со цел да утврдат дали се должни да му платат на Нант.

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Меси ги пропушта и следните три натпревари на Аргентина

Габриела Додевска

Бартомеу: Нејмар замина и нема да се врати

Вања Мицевска

ФФМ: Стомачен вирус причина за отсуството на неколкумина фудбалери

Габриела Додевска

Јувентус ја продолжи соработката со Алекс Сандро

Трајче Гогов

Пронајдени делови од урнатиот авион: Фудбалерот на Кардиф најверојатно не ја преживеал несреќата

Трајче Гогов

Роналдо: Одлуката да се напушти Реал беше лесна

Трајче Гогов