Image default
Вести Македонија

Азманов прво му се извини на Латас па потоа го обвини

ДО: Г-дин Драган Павловиќ Латас

преку Полномошник Адвокат Анита Бегова

ОДГОВОР НА ВАШЕ „БАРАЊЕ ЗА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ И ЈАВНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ИЗЈАВИ СО КОИ Е СТОРЕНА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА“

Почитуван Г-дин Латас, Во соопштението до медиумите пратено до новинарите на 21.01.2019година сакам да Ве информирам дека веќе се извинив за навредите, цитирам дел од извинивањето по повод тогашната пресконференција и личната кореспонденција помеѓу мене и г-дин Ацо Кабранов: „Сакам да се извинам за навредите кои ги употребив поради неправдата која ми ја нанесуваат и истите се кажани во афектната состојба.“

Во врска со Вашето барање кое го добив денес, можам само искрено да Ви се извинам што јавно го спомнав Вашето име на прес-конференцијата на 21.01.2019 година иако, оваа прес-конференција беше наменета за друго случување и никако не беше со цел Вас, да Ве навредам нити да Ве клеветам. Можеби неправилно го употребив зборот „рекетираше“ кога на прес-конференцијата спонтано ми излезе реченицата: „претходно со години ме рекетираше Латас и ми бараше стан со 40% попуст и не му дадов“, а како споредба на тоа што ми се случуваше во периодот 2009/2010 година и она што денеска ми се случува преку 1ТВ од страна на Бојан Јовановски (Боки 13).

Имено, требаше попрецизно да се изразам кога веќе ја правев таа споредба и требаше да кажам дека во тој период 2009 година „Латас ми бараше стан во центарот на Скопје, близу фонтаната во Градскиот Парк кој вредеше 86.000 евра, а сакаше да го плати само 50.000 евра, бидејќи наводно толку пари имал“. Откако не прифатив ми се случи серија на клевети и навреди преку двата медиуми кои ги контролираше Латас во тоа време Вечер и Сител, при што скоро цел месец со најпогрдни зборови се оцрнуваше моето име и името на компанијата НАСТЕЛ, со изнесување на голем број невистини, непроверени информации и лаги, се со цел да ме сруши и да ме уништи и тоа само поради една причина, што не сум му ја дал цената која тој ја сакаше за стан.

Во тоа време Ви се поклопи уште една причина, а тоа е што го разоткрив криминалот во друштвото Гоце Делчев Трубарево, на нелегално собрание на акционери свикано од адвокат Анита Бегова каде на постојните 9000 акции во присуство на само еден акционер Димитар Миладинов, кој поседува 34% акциите, се донесе нелегална одлука за емитување на нови 22000 акции за познат купувач, а познатиот купувач била новосоздадена фирма со непарчен влог во вредност од 5000 евра чиј сопственик бил братот на малционскиот акционер, односно Ѓорѓи Миладинов. Со ваквата постапка сакаа мене со 65,7% акции да ме направат малцински акционер со само 20% акции, при што 1% од акциите беа пренесени на Анита Бегова за да има право да гласа за таа нелегална одлука. Врз основа на тоа нелегално собрание Комислијата за хартии од вредност донесе решение за емитување на овие акции за познат купувач и откако се уплатија 1.000.000,00евра по номинална вредност за акциите, истиот ден кога се примени парите во друштвото Гоце Делчев, тогашниот директор Ѓорѓи Миладинов по пат на позајмици на фантомски фирми, се изадени во кеш, фирмата Гоце Делчев ништо не доби, а се со цел за промена на структурата на капиталот.

Откако не им успеа таа лакрдија која беше организирана на собрание од страна на вашиот Адвокат Анита Бегова и кое нешто заврши и со притвори на измамниците и на сите што учествувале со таа измама, отпочна непрофесионалното емитување на лажни вести во медиумите на Сител и Вечер, во тоа време раководени од Вас како уредник на овие медиуми, при што беше нарушена мојата чест и углед, за што имав поднесено 14 кривични пријави против Вас, после што на Ваше барање се потпиша Вонсудска Спогодба на која е потпишан и Адвокатот Антонио Апостолски, со која Вие и Ивона Талевска изјавувате дека се она што го напишале и изјавиле за мене во медиумите е врз основа на неточни, непроверени и нерелевантни докази. Исто така се извинувате за тоа што го напишавте и се обврзувте да не објавувате информации по медиумите без притоа да и биде дадена шанса на спротивната страна да го изнесува своето мислење за таа информација. Врз основа на таквото извинување јас ги повлеков сите 14 кривични пријави против Вас и Ивона Талевска.

На пресконференцијата Ве споменав не со цел да Ви наштетам, туку само како споредба на она што го прави Боки 13, кој исто така веќе еден месец има реклама каде е истакнато моето име во контекст на градежна мафија, без притоа да ми даде шанса да го изнесам своето мислење за информацијата која тој мисли да ја обајви а одамна веќе ме осуди и прогласи за мафија, иако тоа го барав од уредникот на 1тв, тој се огради дека не учествува во тој проект.

Потоа побарав и од Боки 13 лично да ми даде шанса да дадам свое мислење кога веќе го споменува и скандализира моето име, но до ден денес не ми е дадена шанса да ја кажам вистината врз основа на релевантни докази и документи кои сум спремен во секое време да ги презентирам. Ова исто и Вие го правевте, па затоа го спомнав Вашето име чисто како споредба. Во однос пак на пораките, помеѓу мене и Кабранов, кои беа испечатени од страна на моите колеги на барање на новинарите да видат дали навистина сум му се заканувал на Кабранов со зборовите кои беа изнесени во медиумот 1тв, беа испечатени сите пораки помеѓу мене и него и се виде дека не е вистина дека сум му се заканувал на начин како што тој презентираше на 1тв.

Оттука, пораките се дадени за да се утврди дали постоел таков вид на закана, а не да се види дали сме го оговарале Латас. Се извинувам што во тие пораки стојат зборови Латас „хомосексуалецот“ или „педерчето“ и не го мислам истото, овие зборови се напишани во смисла некоректен однос на еден новинар со искуство каде што зборува невистини за мене, а притоа не ми дава можност јас да го изразам својот став за тоа што го објавува.

Оттука, не сум мислел на Вашата сексуална ориентација, туку само како преносно значење за еден некоректен однос за изминатиот период од мојот живот, бидејќи истиот ме оцрнувал преку неговите медиуми пред целата македонска јавност секојдневно во серија без да ми даде шанса да демантирам ниту да дадам свое мислење за сите клевети и навреди кои ми ги направивте, а на крај сепак го прифатив Вашето извинување и ги повлеков сите кривични пријави.

Кога се дадени отпечатени пораки помеѓу мене и Ацо Кабранов постапено е многу наивно неводејќи сметка дека со тоа пред трети лица се оддава тоа што сме се препишувале јас и Ацо Кабранов, бидејќи според мене се недолични и не заслужуваат внимание и се извинувам уште еднаш за истите, се извинувам за зборовите „ме рекетираше“, „каде е сега педерчето“ и „хомосексуалец“. Оставам на Вашиот разум и доблест да одлучите како ќе постапите.

Зоран Азманов Скопје 04.02.2019г

ДО: Г-дин Ивица Коневски Скопје

ОДГОВОР НА „БАРАЊЕ ЗА ИЗВИНУВАЊЕ И ЈАВНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ИЗЈАВИ СО КОИ Е СТОРЕНА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА“

Почитуван Г-дин Коневски, Во соопштението до медиумите пратено до новинарите на 21.01.2019година сакам да Ве информирам дека веќе се извинив за навредите, цитирам дел од извинивањето по повод тогашната пресконференција и личната кореспонденција помеѓу мене и г-дин Ацо Кабранов „Сакам да се извинам за навредите кои ги употребив поради неправдата која ми ја нанесуваат и истите се кажани во афектната состојба.“

Во врска со Вашето барање кое го добив денес, можам само искрено да Ви се извинам што јавно го споменав Вашето име на прес-конференцијата на 21.01.2019 година како резултат на новинарско прашање и провокација. Верувам дека сте информирани и свесни дека пресконференцијата беше наменета за друго случување и никако не беше со цел Вас, Ивица Коневски, да Ве навредам ниту да Ве клеветам.

Се извинувам што без никакво овластување изнесов непроверена информација врз основа на моето искуство и слушнати муабети од мои колеги и на база на мои претпоставки реков дека сите што градеа во Општина Аеродром, сите плаќаа тогаш на Клубот МЗТ Скопје. Кажав дека сте барале пари за донација за Клубот МЗТ Скопје, тоа е вистината и го знаеме јас, Вие и уште многу луѓе кои може да просведочат за истото.

Дека сум „горел од желба“ да ме рекламиираат купени истрошени странски играчи на МЗТ, тоа никој нема да поверува. Тажно е што и тоа што сме го плаќале не завршило кај нашите млади македонски спортисти. Но сето тоа ќе останеше во минатото доколку имаше коректен и професионален однос како градолначалник до крајот на мандатот и никогаш немаше да го споменам Вашето име ниту нашите донации за МЗТ.

Сакам да Ве потсетам дека во последните 2 години од Вашиот втор мандат не можев да остварам средба со Вас бидејќи комплетно ги игнориравте сите мои јавувања и смс пораки, кога Ве барав преку Вашата секретарка таа секогаш одговараше дека не сте во можност да се слушнете со мене и дека не сте во можност да ми закажете состанок. Впрочем ова може да го потврди и тогашниот претседател на Стопанска комора на градежници, Роберт Хот, кој ни велеше на состанок на Управен одбор, дека може да ни оствари контакт со било кој функционер во државата. Јас бев убеден и се кладев пред 20 сведоци дека не може да ми направи контакт со Вас.

За жал бев во право, Г-динот Хот посел повеќе обиди, пред сите присутни изјави дека не можел да ми закаже состанок со Вас, а моите колеги од комората се чудеа бидејќи знаеја дека Настел беше еден од најголемите инвеститори во Општина Аеродром и имаше изградено 13 згради во оваа општина. За овие објекти имаме платено преку 5 милиони евра комуналии, пари кои Вие ги менаџиравте, а притоа никогаш немавте пробелем со мене и Настел, немаме задоцнето со ниту едно плаќање и немаме направено ниту еден прекршок.

Зарем заборавивте дека парите кои сите ние инвеститори ги плаќаме се парите со кои Вие градевте и се китевте? Јас во име на Настел, еден од најголемите инвеститори во Општина Аеродром во време на Вашите мандати, не успеав да добијам ни 10 минути од Вашето ценето време во последните две години од Вашиот втор мандат, па сакам да Ве прашам дали Вие ќе ми се извините за безобразлукот во последните 2 години како градоначалник на Општина Аеродром? Само поради ова ваше непрофесионално однесување ја спомнав донацијата на клубот МЗТ. За да Ви го освежам памтењето, првиот пат кога побаравте донација за клубот, рековте плати колку што сакаш и тогаш по моја проценка уплатив 10.000 евра кои беа уплатени на клубот.

Наредниот пат кога ме викнавте во Вашата канцеларија за истата работа однапред ме предупредивте и ми рековте „на тебе рачунам со 100.000 евра за МЗТ“. Тогаш јас бев ставен во непријатна ситуација од Ваша страна, па Ви реков Настел да уплати 50.000 евра, но се најдовме на 60.000 евра после што следеше испраќање на директорот на МЗТ да склучи договор за рекламирање со директорот на Настел.

Следната година ме повикавте, и повторно побаравте Настел да плати 60.000,00 евра, па кога Ви кажав дека Настел повеќе нема локации и нема да гради во Општина Аеродром, Вие се налутивте и потоа до крајот на Вашиот мандат повеќе не успеав да остварам средба со Вас. Уште еднаш ќе повторам дека се извинувам што го спомнав Вашето име бидејќи не беше предмет на прес-конференцијата, но после провокациите во тој момент ја почувствував повторно болката која ја чувствував и во времето кога не можев да дојдам во контакт со Вас и тоа само заради тоа што на Вас не ви била исполнета желбата Настел да му плати на Клубот МЗТ Скопје износ од 100.000 евра, а се платени само 60.000 евра. Тоа навистина ме боли, а Вашата препотентност и непрофесионалност во однос на мене како инвеститор ме испровоцира да ја кажам вистината. Оставам на Вашиот разум и доблест да одлучите како ќе постапите.

Зоран Азманов Скопје 04.02.2019г

Преземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Тринаесет тешки кражби во Куманово од почетокот на годинава

Трајче Гогов

Пратеникот Ибраимовски побара одговори од МВР за инцидентот во Шуто Оризари

Габриела Додевска

Менкиноски бил повикан на средба во Министерството за правда, но побарал одложување

Вања Мицевска

И НАТО бара помирувањето да не го поткопа владеењето на правото

Кире Андонов

Автобус влета на фрекфрентна улица: Пет лица загинаа, а 21 лице е повредено

Габриела Додевска

Печурката „смрчак” се позабележлива и на подрачјето на Пијанец