fbpx
Image default
Вести Македонија

Хан: Време за реформи, не за предвремени избори

Спорот за името не е единствениот услов за почеток на преговори со Европската Унија и фокусот треба да биде сега врз реформите, а не врз можни предвремени избори – вели во интервју со дописничката на МИА во Брисел, еврокомесарот Јоханес Хан.

Одлуката за предвремени избори, според хан Хан, е суверена, но негов „скромен совет”, како што додава е „воздржување од сите други идеи”. Тој не се согласува со ставот на одредени луѓе дека сега е добар момент за предвремени избори,  бидејќи, како што посочува „нема многу време до следниот извештај на Европската Комисија”.

Сега кога прашањето за името е на добар пат да биде решено, напорите треба да се фокусираат на реформите посебно во владеењето на правото – вели Хан во интервјуто за МИА.

Според него, ова не само што ќе ги убеди земјите членки, туку е и во интерес на граѓаните кои имаат потреба да видат конкретни бенефити сега. Сепак, тој нагласува дека за Македонија одлуката за почеток на преговори сѐ уште не е гарантирана додека не се испорачаат клучните реформи побарани од страна на ЕУ минатиот јуни, посебно реформата на разузнавачките служби, борбата против корупцијата и реформата на судството.

Во тој контекст, комесарот Јоханес Хан вели дека ги слуша критиките околу процесот на амнестија и смета дека сѐ треба да биде разгледано. Тој истакнува дека оние кои сториле криминал треба да одговараат пред органите на правдата. Меѓутоа, тој бара да не се изгуби од вид важноста на процесот на помирување.

Доколку Македонија не потфрли во делот на реформите, Хан верува дека земјите членки ќе го оддадат должното признание за спорот за името во форма на датум за преговори. Тој се надева дека последните случувања во Грција нема негативно да се одразат врз Преспанскиот договор, и е силно уверен дека тој ќе помине од грчка страна.

Во интервјуто, Хан говори и за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Ова, вели тој, е настан кој не му се допаѓа и отвора сомнеж со можна вмешаност на соседните држави во целиот процес.

 

Поврзани вести

Се’ повеќе ученици се запишуваат во средните стручни училишта во Тетово

Кире Андонов

ВМРО ДПМНЕ побара вонредни парламентарни избори со претседателските

Дафинка Печорова

Маж од Кочани присилувал на сексуални односи двојно помлада девојка од него