Image default
Вести Македонија

Скопје домаќин на бизнис форумот „Македонија-Бугарија 2019“

В четврток ќе се одржи бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, кој се организира на иницијатива на вицепремиерот, Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев.

Бизнис форумот кој ќе почне во 10:30  ќе се одржи во еден од скопските хотели.

Од владината прес служба, најавуваат дека се очекува присуство на претставници на преку 50 компании од Република Бугарија и уште поголем број на претставници на македонски компании на бизнис форумот, кој е прв по потпишување на „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, потпишан помеѓу двете земји во 2017 година.  Компаниите од двете земји ќе имаат можност да остварат меѓусебни средби за време на форумот, со цел интензивирање на меѓусебните бизнис односи.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим

Вања Мицевска

Поместувањето на часовникот двапати годишно ќе се укине од 2020?

Љупчо Шатевски

Законот за заштита на личните податоци дополнителен товар за компаниите