fbpx
Image default
Вести Свет

Французите се подготвуваат за нов бран протести на „Жолтите елеци“

Франција денеска се подготвува за нов бран протести на „Жолтите елеци“ и евентуално насилство што може да избие.

Во градот Буржу се затвораат продавниците поради можни судири на демонстрантите и полицијата. Во Париз се распоредени повеќе од 80.000 војници и полицајци.

Тоа е деветти викенд на протести во Франција во кои демонстрантите бараат поголеми промени во француската економија и политика.

Францускиот претседател, Емануел Макрон вчера изјави дека в понеделник ќе објави свое „писмо до Французите“ во кое ќе каже што ќе направи со заклучоците од големата национална расправа што почнува еден ден подоцна.

 

Извор: Македонска информативна агенција

Поврзани вести

Данелис: Ципрас со Заев и Коѕијас со Димитров пишуваат историја

Во Берово се крои стратегија за управување со шуми

Почина драматургот Горан Стефановски

Вања Мицевска