Image default
Вести Свет

Студија: Океаните се загреваат многу брзо, последиците може да бидат катастрофални

Океаните на Земјата се многу потопли отколку што претходно се сметало и се загреваат побрзо – покажува една нова студија објавена во списанието Journal. Според истата, океаните станале многу потопли отколку што беа во шеесеттите години на минатиот век, а нејзините автори тврдат дека во 2018 година, океаните биле најтопли досега.

Кога водата се загрева, зафаќа повеќе простор, што значи дека нивото на морето се зголемува. Според студијата, само тој ефект може да предизвика зголемување на нивото на морето за околу 30 сантиметри до крајот на векот.

„Тоа не звучи многу, но постојат многу градови во светот што се на височина не повеќе од 30 сантиметри над нивото на морето. Тоа значи дека милиони и милиони луѓе може да бидат раселени“, објаснува универзитетскиот професор од Лондон,  Стивен Симпсон.

Покрај тоа, затоплувањето на океаните предизвикува побрзо топење на глечерите, поради што нивото на морето е уште повисоко.

Поради тие два феномена, нивото на морето може да се зголеми за еден метар до 2100 година, а милиони луѓе би морало да ги напуштат своите домови.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Поголем буџет за одбраната во 2019 и законски измени за статусот на воените пилоти

Вања Мицевска

Албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај во Скопје

Габриела Додевска

Авганистанците плаќаат висока цена за изборите

Кире Андонов