Image default
Вести Македонија

Сервер: Одлуката на Собранието витален и важен чекор на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО

Усвојувањето на уставните измени во македонското Собрание е витален и важен чекор кон членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Браво! – вели за Македонската информативна агенција Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот.

– Немам што повеќе да кажам, освен дека товарот на одговорноста сега е на Атина, која се надевам ќе го направи вистинскиот чекор – додава Сервер.

Македонското Собрание вчера со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името. Македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Градоначалниците од Истокот на ноќно скијање на Пониква

Весна Коловска

Најмалку 316 повредени при уривање на платфрома на фестивал во Шпанија

Трајче Гогов

МЗШВ и Слоу фуд Македонија ја официјализираат соработката

Габриела Додевска