fbpx
Image default
Вести Свет

Рама: Границата со Косово по принцип на Шенген на пролет

 

На пролет границата меѓу Албанија и Косово ќе биде отворена според критериумите утврдени за Шенген зона – најавува албанскиот премиер, Еди Рама.

Како што објави Коха Диторе, Рама на новогодишниот прием во Тирана ги повикал амбасадорите да не ја „деформираат целта на тие мерки врз основа на националниот фолклор од минатото“.

„Она што ќе го направиме е многу едноставно. Го зедовме целиот режим на Шенген, го преведовме од почеток до крај, почнавме многу детален технички процес меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Косово, за да ја гарантираме слободата на движење, која денес е апсурдна, не доведувајќи во прашање ниту еден стандард на гаранции што ги даваме како земја која е дел од визната либерализација“, додал Рама.

На тој состанок, Рама порачал дека Шенген системот наскоро ќе се воспостави и со Македонија, изразувајќи надеж дека тоа во блиска иднина ќе се случи и со Црна Гора.

Поврзани вести

Денеска ќе се знае дали ќе има уставни измени или предвремени избори

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на патот Демир Капија – Бесвица

Германија ќе формира нова агенција за сајбер безбедност

Дафинка Печорова