fbpx
Image default
Вести Македонија

Мицкоски: Бараме избори за Македонија да престане да губи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција побара в понеделник да се распушти Собранието. Смета дека има доволно време да се организира фер изборен циклус согласно Законот во Република Македонија и заедно со претседателските избори да се одржат вонредни парламентарни избори.

„Денеска од засрамениот Зоран Заев слушнавме две тези. Првата теза е дека се крие позади одлуките на органите на партијата и втората е дека анкетите покажувале сигурно водство и оти на секој политичар ќе му бидат добредојдени нови четири години мандат. Но, вистината е следна, ако е навистина така, ајде веднаш во понеделник да го распуштиме Собранието и имаме доволно време да организираме фер изборен циклус“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од избори и има доволно време да се подготват изборите, да се формира техничка влада и заедно со претседателските да има вонредни парламентарни избори:

„Не бараме избори затоа што сакаме безусловно ВМРО-ДПМНЕ да биде власт, туку бараме избори за Македонија да престане да губи и Зоран Заев и групата околу него конечно да ја напуштат политичката сцена во Република Македонија“.

 

Поврзани вести

Дебата за опасноста и заштитата на архивите

Кире Андонов

Уште еден силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Времето денес:Променливо со температури околу просекот, дожд в среда и в петок