Image default
Вести Македонија

Кривична пријава против прилепчанец за закани на Фејсбук

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР во координација со Основното јавно обвинителство-Прилеп презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на четириесетгодишниот прилепчанец, М.С., односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност”од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што соопшти МВР, на 12.01.2019 М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи.

Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected] – велат од МВР.

 

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Демократите во САД ќе избираат кандидат за претседател на државата во јули 2020 година

Вања Мицевска

Донесен законот за антикорупциска, се отвора можноста за избор на новиот состав пред изборите

Кире Андонов

Последните контакти со Груевски ги имавме пред „27 април“, вели Заев

Вања Мицевска