fbpx
Image default
Вести Македонија

Коѕијас: Северна Македонија, добре дојде во нашиот живот

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по изгласаните уставни измени разговарал со македонскиот премиер и шефот на македонската дипломатија, а преку неговиот официјален Твитер профил ѝ порача добредојде на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, на заморот, на  тензиите, на довербата и надежите што ги поминавме работејќи на договорот. Сонувавме заедничката иднина за двата народа. Северна Македонија , добредојде во нашиот живот. Историјата треба да биде училиште, а не затвор – напиша на Твитер, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Поврзани вести

Ученички од Тетово направија хуман потег ја донираа косата за деца болни од рак

Кире Андонов

Изгоре автомобил во Карпош

Трајче Гогов

САД нема да даваат визи за невенчани геј дипломати