fbpx
Image default
Вести Македонија

Заев: Ќе го отвориме прашањето за предвремени парламентарни избори

Следуваат претседателски избори и барањето на опозицијата е вредно за размислување зашто не сакаме да оставиме простор за уценување – изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање каков е неговиот став во врска со барањето на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни работи.

„Сериозно ќе размислиме. СДСМ ќе го отвори ова прашање. Сите земји што се членки на ЕУ имале сериозен прогрес. Ќе го разгледаме ова прашање и штом донесеме одлуки тоа ќе го соопштиме“, нагласи тој.

„Политички е посакувано да има предвремени парламентарни избори, но Македонија може да изгуби повеќе месеци околу подготвки, давање мандати и така натаму  и тоа може да ја закочи економијата, но и да се одрази врз реформските процеси. Опозицијата цело време го блокира интегрирањето на Македонија, а не дава алтернатива. Излегоа со повик за избори, а тоа е сериозно. Ако ние не размислиме, не би биле сериозни политичари. Штом ќе донесам одлука веднаш ќе ја соопштам“, додаде Заев.

Меѓу прашањата по денешната прес конференција се најде и прашањето на новинар од Солун – зошто би требало овој Договор да го прифатат граѓаните на Грција. Заев одговори дека ситуацијата и во Грција и во Македонија е иста:

„Јас зборувам и за горчината, но и за придобивките од Договорот. Нашиот Парламент смогна сили и верувам дека и грчкиот Парламент ќе смогне сила и ќе донесе одлука.  Со ова, Грција добива пријател Северна Македонија. Имаме Договор за пријателство и за стратешко пријателтство, а Грција станува највлијателен партнер во овој регион“.

Новинарите го прашаа Заев и каква порака сака да испрати со тоа што во текот на денешната прес конференција неколку пати го спомена терминот „Република Северна Македонија“. Тој рече дека тоа го споменал, за да може граѓаните да ја сфатат сериозноста на одлуката.

„Договорот стапува на сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот парламент. Во меѓународна употреба стапува веднаш на сила, а во домашна подоцна, но дефинитивно тоа е решението кое го прифативме и решение кое ги отвара перспективите на граѓаните и на нашата земја“, објасни тој.

Во однос на најавите од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов дека нема да стави потпис на одлуката за уставни измени, тој рече дека за оваа одлука не е потребен неговиот потпис и најави дека одлуката за проглас на амандманите и уставниот закон ќе се објават во Службен весник денеска.

Поврзани вести

Зендели: Беса не се кочничари на процесот на уставни измени

Струмичките затвореници се изживуваат врз поранешен полициски началник

Заев: Сега е момент да ја преземеме одговорноста за иднината (видео)

Дафинка Печорова