fbpx
Image default
Вести Македонија

Албанскиот претседател Мета го поздрави усвојувањето на уставните измени

Албанскиот претседател, Илир Мета го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонскиот парламент, кои, како што рече, ќе му дадат живот на Преспанскиот договор и на Македонија конечно и го отвораат евроатланскиот пат.

– Ова е една многу важна историска одлука за Македонија, но и за целиот регион на Балканот – оценува Мета.

Тој посебно ја поздравува одлучноста на премиерот Зоран Заев, како  и албанскиот фактор во Македонија,кои обезбедиле неопходен консензус и го отвориле патот, без враќање, на земјата кон НАТО  и ЕУ.

– Албанија ќе продолжи силно да ја подржува Македонија и сите  нејзини соседи на патот на евроатланската интеграција – посочува Мета.

Претходно усвојувањето на уставните измени ги поздрави шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, лидерите на опозициските партии, Демократската, Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади,како и Тритан Шеху,поранешен шеф на албанската дипломатија.

Поврзани вести

Советот за контрола на наркотици ја осуди одлуката на Канада за легализација на марихуаната за рекреативна употреба

Нова Година – неработен ден за сите граѓани на Македонија

Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

Кире Андонов