fbpx
Image default
Вести Македонија

Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

На 10.01.2019 годинa во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „Рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(18) од Скопје соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „Рено“. Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести

Храна, облека, обувки се најчестите фалсификати во Македонија кои доаѓаат од Кина и Турција

Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Спасен пациент со мозочен удар со новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија