fbpx
Image default
Забава

Се’ за храна: Кое е најдобро време за пиење кафе

Кој период од денот ви е омилен за пиење кафе? Дали тоа го правите веднаш штом се разбудите на утро? Што на вас ви значи пиењето кафе – утрински ритуал за будење или пак можеби момент за релаксација и опуштање со пријателите? Доколку и вие првото нешто што го правите на утро е пиењето кафе, тогаш треба да размислите уште еднаш за својата постапка, бидејќи кафето испиено во тој период од денот и не дава баш најефективни резултати.

Кај повеќето луѓе ефектите од кафето се повеќе самосугестија или навика отоклку што навистина ги чувствуваат неговите благодети. Кофеинот дефинитивно влијае врз нас и има многу позитивни својства. Но, неговото дејство на утро нема голем ефект, иако најчесто тогаш го внесуваме преку кафето.

Кои се мислењата на истражувачите за оваа проблематика?

Сигурно и на вас ви се случило понекогаш ни 2 чаши кафе да не можат да ви помогнат да се расоните на утро. А зошто е тоа така? Со оваа проблематика се занимава хронофармакологијата, научна дисциплина која ги испитува лековите и нивното влијание врз човечкиот организам. На тој начин, се дознава во кој период од денот е најдобро да се земаат одредени медикаменти. Сѐ се сведува на „отчукувањето“ на биолошкиот часовник, кој може да го промени дејствувањето на одредени лекови. Кратко кажано, нашиот организам не е расположен во определени периоди од денот да апсорбира одредени лекови. Ист е случај со кафето и кофеинот. Телото е програмирано така што во различни периоди од денот произведува различни „сигнали“ кои на пример ве будат околу 8 или 9 часот на утро. Така, телото веќе добива она што му е потребно за будење, па кафето и нема некој особен ефект во тој процес. На тој начин непотребно пиете кафе во период кога не ви е неопходно, бидејќи за будењето се погрижил вашиот биолошки часовник. Со текот на времето утринското пиење на кафе станува се помалку ефективно.

Кога е најдобро да пиете кафе?

Доколку баш и морате да пиете кафе на утро, најдобро е тоа да го направите во периодот од 9:30 до 11:30 часот. Во тој период нивото на кортизол, хормонот задолжен за будност, опаѓа, па чаша кафе би можела да биде ефективна.

Во текот на денот најдобро е да се пие кафе околу 14:15 часот. Тоа е период кога повеќето работници се чувствуваат најуморни, а кофеинот ја зголемува енергијата. Додека пак периодите од 12:00-13:00 часот и од 17:30-8:30 часот не се баш најидеални за пиење кафе.

Превземено од: sezahrana.mk

Поврзани вести

Дејмон Вејанс ке ја напушти серијата „Смртоносно оружје“

Финска пушти во продажба специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин

Вања Мицевска

Децата на Сандра Булок ќе добијат само „три мали подароци“ за Божиќ