Image default
Вести Македонија

Одбележани 11 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Во спомен на единаесетте припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа пред единаесет години, денеска беше положено цвеќе на местото на несреќата кај катлановско Блаце и во касарната „НХ Страшо Пинџур” во Петровец.

Почит на загинатите припадници на спомен обележјето им оддадоа делегации од Министерството за одбрана, предводена од заменик-министерот за одбрана, Беким Максути, од ГШ на АРМ предводена од директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Милески, од Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада, 1. механизирана пешадиска бригада, од општина Петровец и од членовите на семејствата на загинатите припадници, соопшти ГШ на АРМ.

Со едноминутно молчење и полагање венци со цвеќе почит на загинатите припадници им беше оддадена и од делегации од Здружената оперативна команда и вбр пред спомен обележјето и пред командата на вбр во касарната „НХ Страшо Пинџур” во Петровец.

Годишнината од хеликоптерската несреќа ќе биде одбележана и во кампот Бутмир, Сараево, во Босна и Херцеговина каде нашите мировници беа дел од мисијата „АЛТЕА”.

Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12-ти јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги во Македонија потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Трамп го гушна знамето – публиката во овации, твитерџиите збеснаа

Неделен Бриф за 15.12.2018

Кире Андонов

Собранието расправа по интерпелацијата за Димитров, пријавени уште 10 пратеници

Кире Андонов