Image default
Забава

Мурал од лименки првпат во Белград

Еколошки мурал од искористени лименки е поставен на плоштадот во Белград, во рамките на годинашната манифестација „Белградска зима“.

Симболите на Белград, храмот „Свети Сава“ и споменикот на кнез Михајло се мотиви на инсталацијата долга шест метри.

Според организаторите на манифестацијата, посетителите првпат имаат можност да уживаат во ваков мурал, кој на најдобар начин ги спојува уметноста и рециклажата.

– Овој мурал на креативен начин придонесува за рециклажа на лименки и потсетува зошто лименката е најдобра амбалажа за пијалок – лесна е, некршлива и може безброј пати да се рециклира, изјави Немања Коматовиќ од кампањата „Бирам да рециклирам“.

Овој еколошки мурал е соработка на  „Бирам да рециклирам“ и Белградската културна мрежа, чија цел е заштита на животната средина.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Најмалиот град во светот населен само со еден жител

Трајче Гогов

Нејзиниот задник е хит на Инстаграм, но пред да се прослави со своите облини се прегладнувала (Галерија)

Вања Мицевска

Зајакнување на имунитетот со едноставен метод