Image default
Вести Македонија

Меркел: Потребен е храбар пристап од Грција за разврската со Северна Македонија

За сите нас во Европа е добро да има важна разврска овде во однос на прашањето за Северна Македонија, но за тоа предуслов е храбриот пристап, рече германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ги констатираме храбрите напори од страна на Грција кон соседите во Западен Балкан, придонесот на Грција за да постои заеднички именител, конзистентност, и ова е поврзано со прашањето на Северна Македонија. Резултатот не е добар само за иднината на вашата соседна земја, туку, според моето мислење, добро и за Грција и за сите нас во Европа да постои важна разврска овде, но за тоа предуслов е еден многу храбар пристап, рече Меркел.

Претседателот на Грција во изјавите на почетокот од средбата со германската канцеларка воопшто не го спомена Договорот од Преспа, ниту пак говореше за т.н. грчки национлни прашања.

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

15 мртви откако камион со мигранти во Турција излетал од патот и се превртел (ВИДЕО)

Габриела Додевска

Кривична пријава за поранешниот директор на „Комуналец“ од Свети Николе

Трајче Гогов

Уставен не поведе постапка за ПИ мерките од Законот за следење на комуникациите

Габриела Додевска