Image default
Ракомет Спорт

Македонија на крилата на Борко и Кире ја растури репрезентацијата на Јапонија

Репрезентацијата на Македонија на одличен начин ја започна авантурата на Мундијалот во Германија и Данска со убедлива победа против Јапонија од 29:38.

Нашата репрезентација одигра одличен натпревар, посебно во фазата на напад каде имавме успешност на реализација од над 60%. Она што малку треба да загрижува е одбраната која и покрај неверојатните 20 интервенции на Борко Ристовски прими 29 голови од репрезентација како Јапонија.

Затоа напаѓачката линија одигра за чиста десетка  предводена од Кире Лазаров кој постигна осум погодоци ги донесе првите бодови на овој шампионат.

Натпреварот со седум погодоци го завршиja Дејан Манасков и Столе Стоилов, а на четири застанаа Кузмановски и Пешевски.

Следи ден пауза за репрезентацијата на Македонија, а потоа и натпреварот против Бахреин во кој исто така ќе влеземе како големи фаворити.

Превземено од: supersport.mk

Превземено од:

Доколку имате било каква сторија пишете ни на
Viber или WhatsApp
бесплатно на телефонскиот број
☎️ 0800 80 222
пишете ни на маил
[email protected]

Поврзани вести

Роналдо му ја отвори вратата во Јувентус само на еден соиграч од Реал

Трајче Гогов

УЕФА одлучи: Ова е казната за Кристијано Роналдо

Кире Андонов

Кривична пријава за поранешниот претседател на ФФМ: Финансиската полиција тврди дека затајувал данок